Утрински Весник
Спорт

Лацио се засили со Бразилец од Шахтјор

Маркос Антонио (22) наскоро би требало да стане нов играч на Лацио.

Бразилскиот играч за врска и Лацио договориле петгодишна соработка вредна 900.000 евра по сезона со одредени бонуси во зависност од резултатите во Европа и во Серија А.

Шахтјор од трансферот на Антонио ќр заработи 10.000.000 евра.

Маркос Антонио кариерата ја започнал во младинските категории на Атлетико Паранаенсе. Во Шахтјор се пресели во 2019 година од Есторил, во чии редови ја мина сезоната 2018/2019.

За украинскиот тим одигра 63 натпревар, постигна четири гола.

> Лацио се засили со Бразилец од Шахтјор <

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот