Утрински Весник
Спорт

Белгија без Лукаку против Полска и Велс

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ќе ги пропушти следните два натпревари на репрезентацијата поради повреда на скочниот зглоб со која се здоби на натпреварот против Холандија.

Ова го потврди селекторот на Белгија Роберто Мартинез.

„Шансите се многу мали, многу мали, да може да игра на следните натпревари“, изјави Мартинез.

Белгија во среда (20:45 часот) на стадионот „Крал Будуен“ ќе ја пречека Полска, а на 11. јуни гостува кај Велс во Кардиф.

Лукаку би можел да се врати во тимот за вториот дуел против Полска кој е закажан за 14. јуни.

Во првото коло од Групата 4, во А-дивизијата од Лигата на нации, Белгија беше поразена на домашен терен од Холандија со 4:1.

> Белгија без Лукаку против Полска и Велс <

Можете да прочитате

Се редат повредите во Барселона: Феран Торес во „аут“ најмалку осум недели

Тажна вест: Атлетичар од Кенија почина на 27-годишна возраст

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА