Утрински Весник
Економија

Светската банка одобри 1,49 милијарди долари помош за Украина

Одборот на извршни директори на Светска банка одобри 1,49 милијарди долари, дополнително финансирање за Украина, соопштија од таа меѓународна финансиска институција.

Новите средства се дел од вкупниот пакет за поддршка од над 4,0 милијарди долари мобилизиран од Светска банка. Пакетот вклучува финансиски гаранции од Обединетото Кралство, Холандија, Литванија, Латвија и други земји, пренесува Тас с.

Светска банка, како што пишува медиумот, очекува дека средствата од овој проект ќе бидат наменети за исплата на плати на државните и социјалните работници.

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, во соопштението изјавил дека банката соработува со земјите донатори за да ја мобилизира финансиската поддршка и презема мерки за да им помогне на Украинците да им се обезбеди пристап до здравствени услуги, образование и социјална заштита, според написите во медиумот.

Можете да прочитате

Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем – Левица предлага интервентни мерки за стабилизација

Народната банка ги презентира пролетните макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Азески и Гицулика на разговори за квалитетот на виското образование