Утрински Весник
Свет

Зеленски: Следната зима ќе биде многу тешка за Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека следната зима ќе биде многу тешка за Украинците.

Тој истакна за време на синоќешното обраќање дека разговарал за воспоставување седиште за подготовка за следната грејна сезона на состанокот со владини претставници и претставници на најголемите енергетски компании во државата.

„Во моментов нема да го продаваме нашиот гас и јаглен во странство. Целото домашно производство ќе биде насочено кон внатрешните потреби на нашите граѓани“, изјавил Зеленски.

Според агенциите, Зеленски рекол дека во светло на историскиот пристап на Украина кон единствената европска енергетска мрежа, ќе биде можно да се намали потрошувачката на енергија на Русија во соседните земји. Исто така, тоа би ја зголемило заработката на Украина.

„Во Украина ќе биде започната „Книга на џелатите“, во која ќе бидат документирани воените злосторства и криминалците од руската армија“, кажал украинскиот претседател.

Како што нагласил, тоа ќе биде клучен елемент во неговото барање да се повикаат на одговорност руските војници кои, според украинските власти, извршиле убиства, силувања и грабежи.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата