Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје, прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и со поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме. Постепено стабилизирање на времето ќе има од сабота.

Можете да прочитате

Пожар во импровизиран објект во Скопје

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени