Утрински Весник
Македонија

Макрон има предлог за Македонија и Бугарија, но кога ќе дојде време за тоа

 

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија, со цел да се склучи билатерален договор. Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Скопје во Европската унија.

Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.

Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Северна Македонија“, соопшти француското претседателство.

Пет земји во моментов се официјално кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Турција.

Во 2019 година, Макрон, заедно со уште две земји-членки, стави вето на отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, сметајќи дека не се исполнети условите за проширување на ЕУ со овие две земји.

Можете да прочитате

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни со цел да се оттргне вниманието од нивната неспособност

Делегацијата на ЕУ ја нагласува важноста од спроведување на Охридскиот договор

Совет на Европа: Македонците во Бугарија не можат да ги уживаат индивидуалните малцински права