Утрински Весник
Свет

Украина: Во Северодонецк се водат жестоки борби

Украина собра доволно сила да ги одбие руските напади во Северодонецк, но ниту една страна не е подготвена да се повлече, изјави градоначалникот на тој стратешки важен град во источна Украина, Олександр Стрјук.

На улиците на Северодонецк се водат жестоки улични борби, рече Стрјук, додавајќи дека Украина „фокусирала доволно сили и ресурси за да ги одбие руските напади“.

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник, рече дека Русија не штеди војници или опрема во обидот да го заземе Северодонецк, најголемото упориште на украинските бранители во областа Луганск.

Ако падне Северодонецк, тоа ќе значи дека руските сили практично го контролираат целиот Луганск.

Можете да прочитате

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО