Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Патот до Лесново е од витално значење за Пробиштип и за развој на туризмот

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Благој Бочварски и Љупчо Николовски и градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, денеска беа во увид на градежните работи на регионалниот пат Пробиштип- Лесново.

Станува збор за обновување на патната делница од Пробиштип до Лесново во должина од 3,4 километри.

Премиерот рече дека по направената подготовка за проширување и поставувањето инсталациите за одводнување, сега е во тек асфалтирањето до влезот на манастирот Лесново. Со оваа рехабилитација, вели Ковачевски, Лесновскиот манастир, познатите вулканските карпи, пештерите и другите природни убавини и реткости ќе станат подостапни за посетителите.

„Заедно со велосипедизмот и планинарењето, во овој крај има огромен потенцијал за развој на туризмот. Реконструкцијата на овој пат е од витално значење не само за Општина Пробиштип, туку и за развој на регионалниот туризам. Лесново привлекува голем број на туристи, а реконструкцијата значително ќе придонесе за подобри услови и дополнителен развој“, рече Ковачевски.

Како што додаде, од 2017 година досега изградени и обновени се над 1000 километри патишта. Инвестирано е повеќе од една милијарда евра во изградба и модернизација на патната мрежа во земјава.

Можете да прочитате

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени