Утрински Весник
Спорт

Меси: Совршен крај на сезоната

Лионел Меси блескаше во победата на репрезентацијата на Аргентина против Естонија со 5:0. Еден од најдобрите играчи во историјата ги постигна сите пет гола за „гаучосите“.

Ова е втор пат во кариерата да ја погоди мрежата пет пати на еден меч. Првпат успеа во дресот на Барселона кога на Баер Леверкузен му даде пет гола во победата од 7:1 во натпреварот од Лигата на шампионите.

„Не можевме да замислиме подобар крај на сезоната. Ја победивме Финалисима, а сега ја победивме Естонија. Благодарност до сите што беа на стадионот во Шпанија и што ни дадоа неверојатна поддршка. Сега одиме на одмор, па ги продолжуваме подготовките за Светското првенство“, изјави Меси.

Аргентина нема пораз три години, последен пат „гаучосит“е загубија во 2019 година од Бразил. Аргентинците се во серија од 33 натпревари без пораз, јасно е дека во Катар ќе бидат меѓу фаворитите за светската титула.

На СП, Аргентина е во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

> Меси: Совршен крај на сезоната <

Можете да прочитате

Од почетокот на сезоната блеска во Србија и порачува: Сакам да заиграм за Македонија!

Нашиот однос беше како момче и девојка, постојано се каравме и се миревме – 24info.mk

Потврдена казната на Барселона – 24info.mk