Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка меѓу четири возила кај Прдејци, едното возило побегнало, има и повредени

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот А-1, во правец од с.Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник Негорци.

Во несреќата учествувале патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ.(30) од с.Прдејци, патничко возило „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Република Србија и товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото „фолксваген голф“, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Можете да прочитате

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница