Утрински Весник
Македонија

Девет лица од Куба спречени при обид нелегално да преминат граница

Вчера околу 03.00 часот кај Граничен камен 59 на државната граница со Република Грција, полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишиле од слобода М.М.Ј.(37), Р.Ј.Л.Д.Л.К.(24), М.Р.А.(31), М.К.Ј.А.(29), Ч.Л.Е.(28), К.Ч..Л.(39), О.М.М.(43), Г.Д.Ј.Р.(33) и М.Р.А.(43), сите од Куба, спречени при обид нелегално да ја преминат државната граница од нашата држава во Република Грција, надвор од граничен премин, соопшти полицијата.

Додаваат дека од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Југ“ бил известен судија од Основниот Суд во Гевгелија, од чија страна им била изречена парична казна и им биле издадени решенија за протерување од државата.

Можете да прочитате

Лекови, нови протоколи на Онкологија и подостапни контроли, бараат пациентките со рак на дојка

Претставата „Иднина“ вечер во Драмски, во рамки на фестивалот РУТА

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди