Утрински Весник
Свет

Северна Кореја тестираше неколку ракети

Северна Кореја тестираше осум балистички ракети во водите во близина на нејзиниот источен брег, продолжувајќи ги провокативните демонстрации со оружје оваа година, соопшти утрово јужнокорејската војска.

„ Нашата армија откри лансирање на осум балистички ракети со краток дострел од секторот Сунан во Пјонгјанг во правец на Источното Море“, соопшти Здружениот началник на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, пренесува АФП.

Ракетите биле лансирани во интервали од 30 минути, соопшти јужнокорејската војска.

Ова беше 18-то севернокорејско лансирање ракета оваа година, при што Пјонгјанг, исто така, ја спроведе првата демонстрација на интерконтинентални балистички ракети по речиси пет години.

Ким Џонг Ун се обидува да го зајакне статусот на Северна Кореја како нуклеарна сила со цел да преговара за економски и безбедносни отстапки од силна платформа, според АП.

Денешното лансирање ракета доаѓа по тридневните големи заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја.

Ова беа први воени вежби на двете земји откако новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол ја презеде функцијата на почетокот на мај, кој вети построга политика кон Пјонгјанг и први во кои носачот на авиони учествуваше од ноември 2017 година.

Северна Кореја долго време протестираше против овие заеднички вежби, сметајќи дека тие се генерална проба за инвазијата.

Јужнокорејски и американски официјални лица велат дека има знаци дека Северна Кореја ги продолжува подготовките на својата локација за нуклеарни тестирања во североисточниот град Пунг-ри и се подготвува да ја изврши првата нуклеарна проба од септември 2017 година.

Можете да прочитате

Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп

Што може да значи второто претседателство на Трамп за Америка

Американската војска тестираше ракета која може да стигне до Москва и Пекинг за 30 минути