Во некои делови на Јужна Флорида патиштата се поплавени по обилните дождови и ветерот што ги донесе бурата од Мексико.
Официјални лица на Мајами ги предупредија возачите да внимаваат на поплавите долж патиштата, наведувајќи дека голем број автомобили се заглавени, пренесе АП.
„ Ова е ситуација опасна по живот. Не се препорачува патување во сегашните услови. Подобро е да се почека“, беше објавено во предупредувањето на Твитер профилот на градот Мајами.
Градските служби извлекоа и влечеа возила заглавени на поплавените патишта.
Националниот центар за следење на урагани во Мајами објави дека бурата наречена Агата на Пацификот ќе го носи името Алекс во областа на Атлантикот, доколку достигне статус на тропска бура.
Предупредување за тропска бура е на сила за делови од државите на источниот брег на САД, северозападно од Бахамите и Бермудите.