Утрински Весник
Магазин

Сите што присуствуваа на судењето на Џони Деп и Амбер Херд сега можат да профитираат

На сите кои присуствуваа на неколкунеделното судење на поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп им беа дадени нараквици за пристап до судот.

Сега кога судењето заврши, некои луѓе решија да ги продаваат овие нараквици на онлајн-страници за продажба на работи.

Така, цената на овие нараквици на Интернет сега се движи од 50 до 5.000 долари.

Како што изјавил еден од продавачите, со часови стоел во ред и чекал да ја добие нараквицата, а со оглед на големото внимание на јавноста што го доби овој случај, нема сомнеж дека овие картонски нараквици ќе можат да се продаваат по екстремно висока цена.

Можете да прочитате

Чадот од шумските пожари го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари и може да биде смртоносен

Среќните парови почесто се расправаат!

Внимавајте на нискиот притисок во лето: Опасноста од нагли падови е реална!