Утрински Весник
Свет

Украина лута на Макрон – не го прифаќаат неговиот предлог

Украина го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да не ја „понижува“ Русија во име на дипломатијата.

Од Украина велат дека нема смисла да се преговара додека не се повлечат руските воени сили.

Макрон понуди да посредува во војната, предупредувајќи дека Москва не треба да биде понижена за да се отвори вратата за дипломатско решение на конфликтот.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на Твитер остро ја отфрли логиката на Макрон, велејќи дека таквите повици „може само да ја понижат Франција и секоја друга земја што упатува таква покана“.

„ Русија се понижува себеси и ќе биде подобро сите да се фокусираме на тоа како да ја ставиме Русија на нејзиното место. Тоа ќе ни донесе мир и ќе спаси животи“, рече тој.

Можете да прочитате

Украина доби грант од 1,35 милијарди долари од САД

Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија

Кремљ: Американската противракетна база во Полска бара соодветни мерки