Утрински Весник
Спорт

Тажниот пат на еден фудбалски уметник – Баџо за кариерата одбележана со страдање

Роберто Баџо нема многу позитивен поглед на својата фудбалска кариера, велејќи дека најмногу се сеќава на своите физички тешкотии и влијанието на славно промашениот пенал во финалето на Светското првенство во 1994 година.

Баџо,кој во 1993 година ја освои „Златната топка“, се мачеше со повеќе повреди во својата кариера, со повеќе операции на колената, а повредите го следеа од најмладите денови, кога како тинејџер имаше сериозна повреда на лигаментите во коленото.

„Мојата кариера беше полна со страдање. На крајот, бев толку нервозен што не можев да ги правам вообичаените работи со моите соиграчи поради боката. Можеби изгледа дека бев привилегиран, но всушност бев лузер кој едвај чекаше да игра во недела, бидејќи потоа доаѓаше кошмарот во понеделникот или вторникот со отечените колена. Последните мечеви беа срцепарателни. Бев толку здробен што мојата сопруга мораше да ми помага да излезам од автомобилот“, вели Баџо во интервју за „Кориере дела сера“.

Тој исто така се потсети и на психолошкото влијание на промашениот пенал против Бразил во финалето на СП во 1994 во САД.

„Да, тоа никогаш нема да помине. Но, понекогаш си велам самиот себе дека ќе беше уште полошо ако погодев“, додава Баџо.

> Тажниот пат на еден фудбалски уметник – Баџо за кариерата одбележана со страдање <

Можете да прочитате

Раул Гонзалес е новиот селектор на Србија

ФИФА повлече потег без преседан, еве како Македонија ќе ги добие противниците на патот кон СП

Џејмс трет натпревар по ред постигна трипл-дабл