Утрински Весник
Свет

Во експлозија во фабрика во Индија загинаа шест лица, а 20 се повредени

Најмалку шест лица загинаа, а 20 се повредени во денешната експлозија во хемиска фабрика во северниот индиски округ Хапур.

„Несреќата се случи откако котел експлодираше во индустриски капацитет во Даулани, на околу 60 километри од Њу Делхи“, изјави портпаролот на индиската полиција Сурендра Синг, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати