Утрински Весник
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

На 05.06.2022 (недела) во времето од 18.00 часот до 20.00 часот, ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози здраво“ со старт од Порта Македонија, десно долж ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Даме Груев“, право по бул.„ВМРО“ до крстосница со бул.„Илинден“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Филипче со граѓаните на Босилово: Рудник Иловица – Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата

Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

Граѓани помогнале, инспекторка Ристевска постапувала, АХВ ги фали директорот и градоначалникот!?