Утрински Весник
Свет

Киргистан: Девојче загина од гром, а уште две деца се повредени

Во Киргистан девојче загина од гром, а уште две деца се повредени, соопшти Министерството за здравство на земјата за Интерфакс.

Несреќата се случила во градот Токмок додека учениците се враќале од училиште.

Двајца повредени ученици се хоспитализирани и нивната состојба е задоволителна, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата