Утрински Весник
Свет

Соединетите Американски Држави усвоија нов пакет санкции против Русија

Соединетите Американски Држави усвоија нов пакет санкции против Русија, во кој се опфатени 17 лица, објави денеска американското Министерство за финансии на својата веб-страница.

Меѓу лицата погодени од санкциите е и Сергеј Ролдугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, објави Ројтерс.

Најновите санкции се насочени и кон 16 субјекти, седум пловни објекти и три авиони, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?