Утрински Весник
Македонија

75 нови случаи на Ковид-19 и еден починат

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.112 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 52, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2 и по еден заразен од Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86 години), починато во болнички услови на 31. мај.

Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 88 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Битола – 12, Прилеп – 3 и по еден оздравен од Тетово и Гевгелија.

Направените 1.112 тестови се преку: ИЈЗ-156, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-12, лабораторија болница Козле-10, УК Пулмологија со алергологија–4, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-28, Биотек-26, Систина-21, лабораторија Лаор-13, Синлаб-29, Ремедика – 9, Плодност-17, Генеа-6, Никоб Лаб-49, ВФВ Медикал-7, Ели Медика Плус-17, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-5, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 528.

Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 147023, Активни 331
Куманово 16674, Активни 5
Битола 15670, Активни 44
Прилеп 14215, Активни 7
Тетово 13481, Активни 6
Кавадарци 10687, Активни 6
Велес 9797, Активни 10
Гостивар 9608, Активни 4
Охрид 8930, Активни 30
Струмица 8073, Активни 1
Штип 8073, Активни 18
Кичево 5651, Активни 3
Кочани 5095, Активни 5
Струга 4728, Активни 1
Гевгелија 4422, Активни 1
Неготино 3695, Активни 8
Ресен 2751, Активни 2
Свети Николе 2634, Активни 3
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2418, Активни 1
Делчево 1986, Активни 1
Берово 1689, Активни 10
Дебар 1677, Активни 1
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис

Интернационалната полициска асоцијација викендов ги чистеше плажите во Охрид

Девет независни инцијативи бараат измени на Изборниот законик