Утрински Весник
Економија

Кина ги забрани летовите на авионите кои Русија ги национализира

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кина забрани користење на воздушниот простор за авионите кои Русија ги национализираше по спорот со вистинските сопственици.

Повеќе од 300 авиони Ербас и Боинг што ги користат руските авиокомпании повеќе нема да можат да го користат воздушниот простор на Кина.

Откако сопствениците на овие авиони – западните лизинг компании, побараа од корисниците – руските авиокомпании, да престанат да ги користат авионите и да ги вратат, бидејќи зголемениот ризик го поскапи осигурувањето на авионите, додека во тек се сеопфатни санкции против Руската Федерација, Русија усвои одлука за национализирање на сите спорни авиони, пренесува порталот Авијатика.

Според уредбата на Владата, тие се пререгистрирани и нивните корисници наместо вистинските сопственици сега се запишани во рускиот воздухопловен регистар.

Веднаш потоа следеа реакциите на сопствениците на авионите кои најавија дека таквите летала ќе бидат веднаш запленети кога ќе се најдат во воздушниот простор надвор од Русија (и Белорусија).

Кина сега донесе нова одлука, која не признава фиктивни регистрации на овие авиони и бара од сите авиокомпании кои го користат нејзиниот воздушен простор да имаат точни и меѓународно признати регистрации за нивните авиони.

Можете да прочитате

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители