Утрински Весник
Свет

Папата апелираше житото да не се користи како оружје

Dik 300x250 mk

Папата Франциско денеска изјави дека е многу загрижен поради блокадата на извозот на жито од Украина и апелираше основниот прехранбен производ да не се користи како оружје.

„Блокирањето на извозот на жито од Украина е прашање на длабока загриженост. Животите на милиони луѓе зависат од тоа, особено во најсиромашните земји“, рече поглаварот на Римокатоличката црква за време на традиционалната јавна аудиенција на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пренесува Спутник.

Тој апелираше на сите можни напори за решавање на овие проблеми и за гарантирање на универзалното човеково право на исхрана.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим