Утрински Весник
Свет

(Видео) 11 лица загинаа во ураганот Агата кој го погоди Мексико

Бројот на загинати во ураганот Агата, кој го погоди Мексико, денеска се искачи на 11, додека 20 лица се уште се водат како исчезнати, изјави гувернерот на сојузната држава Оахака на југот на земјата, Алехандро Мурат.

Тој рече дека реките во таа област се излеале од коритата и ги поплавиле нивните домови, а многу жртви биле затрупани под кал и камења, пренесува АП.

Агата е најсилниот ураган некогаш регистриран што го погоди источниот дел на Пацификот во мај.

Ураганот ги погоди туристичките плажи и рибарските градови во јужно Мексико во понеделникот, како ураган од втора класа, со ветрови од речиси 170 километри на час во близина на пацифичкиот град Пуерто Анџела, губејќи ја силата додека се движеше кон внатрешноста.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока