Утрински Весник
Свет

Кулеба: Макрон треба да го посети Киев пред крајот на француското претседателство со ЕУ

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба (Дмитро) изрази желба францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Киев пред крајот на француското претседателство со ЕУ на 30-ти јуни.

– Повелете, без разлика кога. Би било добро Макрон да дојде за време на француското претседателство со ЕУ, а најдобро би било да дојде со дополнителни испораки на оружје за Украина, тоа би била највредната помош што можеме да ја добиеме од Франција – рече Кулеба во интервју за Француска мрежа ЛЦИ.

Макрон ги посети Москва и Киев на 7 и 8 февруари, пред почетокот на руската инвазија на 24 февруари, а потоа повеќе не дојде во Украина.

Покрај тоа, тој е меѓу ретките европски претседатели кои редовно се во контакт со рускиот претседател Владимир Путин.

Некои европски лидери, како што се британскиот премиер Борис Џонсон и Канаѓанецот Џастин Трудо, го посетија Киев од почетокот на конфликтот.

Франција претседава со Европската унија до 30 јуни, но претседателот Макрон редовно посочува дека ќе го посети Киев „кога ќе биде вистинското време“.

„Ќе одам на ова патување кога ќе биде вистинското време и кога ќе се погодат условите“, рече тој во вторникот вечерта.

– Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона беше во понеделникот во Киев, што е прва посета на француски претставник од почетокот на руската инвазија, а посетата на францускиот претседател е „на дневен ред“, рече Кулеба, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин