Утрински Весник
Свет

Во Виетнам отворен е пешачки стаклен мост долг 632 метри

Во планинска туристичка дестинација во Виетнам, свечено беше отворен пешачки мост со стаклено дно на висина од 150 метри, долг 632 метри, еден од најдолгите во светот.

Висечкиот мост Бах Лонг, што во превод значи „Бел змеј“, се наоѓа во провинцијата Сон Ла, северозападно од главниот град Ханој и се граничи со Лаос.

Според Гинисовата книга на рекорди, најдолгиот стаклен мост во светот е структура во Гуангдонг, Кина, долга 526 метри. Сепак, Здружението за светски рекорди, исто така тело за сертификација на рекорди, на својата страница дводелниот виетнамски мост го нарекува најдолгиот во светот со 632 метри.

Неговата специфичност е што должината помеѓу двата врва од двете страни на клисурата е 290 метри, а на карпите има дополнителни 342 метри патеки.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад