Утрински Весник
Свет

Полска: Училишен автобус се преврте, пет лица се повредени

Најмалку пет лица се повредени денеска кога училишен автобус со околу 20 ученици се излизгал од патот и паднал во канал во јужна Полска, соопшти локалната полиција.

Три лица се хоспитализирани по несреќата кај селото Розток, а повредените не се во животна опасност, додаваат властите, пренесува АП.

Во автобусот имало 23 деца на возраст од 12 и 13 години, како и тројца учители и еден возач, изјави портпаролот на полицијата Павел Климек од Трново.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?