Утрински Весник
Свет

(Видео) Инцидент во Лувр: Непознат маж ја намачкал „Мона Лиза“ со торта

Dik 300x250 mk

Во Лувр, маж во инвалидска количка фрлил парче торта на „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, пренесува „БФМТВ“, пренесува „Раша тудеј“.

Инцидентот се случил вчера, пишува „Марка“. Маж со перика, кој пристигнал во салонот во инвалидска количка, се обидел да ја оштети работата на Леонардо да Винчи. Сликата е зачувана со заштитно стакло.

Така, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека заштитното стакло под кое се наоѓа ремек-делото се претпоставува дека е премачкано со шлаг.

Покрај тоа, на некои снимки се гледа како обезбедувањето на музејот го следи сторителот до излезот. Забележано е дека тој смирено излегува од инвалидската количка и оди.

Безбедносната служба веднаш го одвела напаѓачот. Неговиот идентитет и причините за делото не се соопштуваат.

– Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Сите уметници, помислете на Земјата. Затоа и го направив тоа. Треба да се мисли на планетата – рекол непознатиот сторител, пренесе Новости.

Можете да прочитате

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови