Утрински Весник
Македонија

Ковачевски го пречека добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман, кој е во неколкудневна посета на нашата земја и кој утре ќе биде говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.

Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид почна кај Горна порта и Самоиловата тврдина, по што Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата Св. Софија и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци.

Обиколката во Охрид заврши со посетата на болничките цркви Св. Богодорица и Св. Никоја кај Долна Порта.

Премиерот Ковачевски, министерот за финансии Бесими и професорот и добитник на Нобеловата награда за економија, потоа се задржаа на работен ручек на кој разговараа за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

Можете да прочитате

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Николовски: Трубарево е земјоделски регион, веднаш да се направат анализи на почвата и водата

Министерот Муцунски се обрати на првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива во Њујорк