Утрински Весник
Свет

Проруската влада во Херсон: Референдум за приклучување кон Русија само кога ќе престанат борбите

Заменик-шефот на руската администрација во окупираната област Херсон изјави дека референдумот за официјално присоединување кон Русија нема да се одржи додека не престанат борбите во тој регион, како и во блиските региони Одеса и Миколаев, пренесува Си-Ен-Ен.

Заменик-началникот на воената цивилна управа на Херсон, Кирил Стремусов, за Ројтерс изјави дека „во моментов нема да се зборува за референдум“.

„Подоцна ќе објавиме кога ќе се одржи некаков вид на гласање, но нема да биде денеска, ниту утре, бидејќи нашата прва задача е да воспоставиме ред и да го организираме системот на управа во тој регион“, додаде Стремусов.

Регионот во јужна Украина е под руска контрола од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари.

Стремусов претходно рече дека проруските власти во Херсон ќе бараат руска воена база во регионот, додавајќи дека руската администрација ги продолжува плановите за воспоставување нов „банкарски систем“ кој ќе биде „целосно интегриран“ во рускиот систем.

Можете да прочитате

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд