Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите повторно тестираа „Циркон“

Русија успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот прелетал околу 1.000 километри.

Проектилот бил испукан од Баренцовото море и погодил цел во Белото Море, тврди министерството.

На видеото објавено од министерството се гледа како проектилот е испукан од брод. Рускиот претседател Владимир Путин претходно го опиша „Циркон“ како дел од новата генерација на вооружени системи како ниеден друг.

Русија минатата година изврши неколку тестови на ракетата. Минатиот месец пробно ја лансираше новата интерконтинентална ракета „Сармат“, која може да носи нуклеарни боеви глави, потсетува Ројтерс.

Можете да прочитате

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух

Иранските напади врз американски бази предизвикаа штета од 800 милиони долари