Утрински Весник
Магазин

Амбер Херд на суд: Деп води крстоносна војна за јавно да ме понижи

Dik 300x250 mk

Амбер Херд во четвртокот го имаше последното сведочење во судската битка за клевета, иницирана од поранешниот сопруг Џони Деп.

Таа на поротниците им кажа дека се соочува со секојдневно вознемирување и смртни закани откако го обвини холивудскиот актер за семејно насилство.

Херд го заврши своето сведочење во четвртокот тврдејќи дека била „малтретирана, понижувана, заканувана“ на социјалните мрежи откако го обвини поранешниот сопруг за физичка и сексуална злоупотреба.

„Луѓето сакаат да ме убијат и тоа ми го кажуваат секој ден“, рече Херд, додавајќи дека ваквото малтретирање било дел од крстоносната војна на Деп за јавно да ја понижи.

Деп (58) ја тужи Херд (36) и бара оштета од 50 милиони долари, и тврди дека нејзините наводи дека била жртва на семејно насилство се чиста клевета. Херд поднесе против-тужба за 100 милиони долари, бидејќи Деп, наводно, ја оцрнил во јавноста нарекувајќи ја лажга.

Можете да прочитате

Објавен трејлерот за „Врисок 7“

Макало со грав и суви пиперки

Девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари