Утрински Весник
Спорт

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и шампионскиот пехар во првенството. „Црвено-црните“ претходно успеаја да слават на гости против Еурофарм Пелистер и во последните три кола од Суперлигата рутински го потврдија освојувањето на 15. трофеј.

Вардар и Пелистер завршуваат со идентичен број бодови, но „црвено-црните“ имаат подобар меѓусебен биланс во дуелите.

Тимот на Давид Дејвис денеска немаше проблеми против Тиквеш, се беше познато уште по првото полувреме кога вардарци обезбедија предност од 18:10.

Најефикасни на мечот беа Тимур Дибиров и Филип Талески со по десет гола.

Фото: Игор Паневски

> РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО) <

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале