Утрински Весник
Свет

Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.

За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува Ројтерс.

Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата