Утрински Весник
Свет

Обама по масакрот во Тексас: Нашата земја е парализирана поради лобито на производителите на оружје

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама изрази револт поради масакрот во училиштето во Тексас.

Тој на Твитер напиша дека тој и неговата сопруга Мишел се тажни и лути поради тоа што им се случило на жртвите и нивните семејства.

– Речиси 10 години по Сенди Хук и 10 дена по Бафало – нашата земја е парализирана. Не поради страв, туку поради лобито на производителите на оружје и политичките партии кои не покажаа подготвеност да дејствуваат на кој било начин што може да помогне да се спречат овие трагедии.

Да потсетиме, Салвадор Рамос уби 21 лице, меѓу кои 19 деца, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Зеленски: Ни понудија членство во НАТО, ако се откажеме од Донбас

ИРГК: Иран има ракети со двотонски боеви глави и дострел од 1.500 км

Мајкрософт се врати во нормала