Утрински Весник
Спорт

Јокиќ и Дончиќ ја предводат најдобрата петорка во НБА лигата

НБА лигата ги објави најдобрите три петорки за оваа сезона. Најдобрата петорка очекувано ја предводи МВП играчот на сезоната, Никола Јокиќ, а му се придружи и Лука Дончиќ, кој трета година по ред е избран меѓу петте најдобри во светот.

Заедно со српскиот центар и со словенечкиот волшебник, во првата петорка се и двојниот МВП, Јанис Адетокумпо, ѕвездата на Бостон, Џејсон Тејтум и најдобриот стрелец на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, Девин Букер. За првпат од 1955 година, ниту еден од членовите на првата петорка нема повеќе од 27 години, што е доказ дека НБА лигата влезе во нова ера и дека следната генерација е веќе на сцена.

Во втората петорка покрај Ембид (Филадефија) се и Џа Морант (Мемфис), Стивен Кари (Голден Стејт), Кевин Дурент (Бруклин) и Демар Дерозан (Чикаго).

Леброн Џејмс се најде во третата најдобра петорка и 18. сезона по ред ја заврши како член на еден од овие состави. Заедно со суперѕвездата на ЛА Лејкерс, се и Крис Пол од Феникс, Треј Јанг од Атланта, Паскал Сијакам од Торонто и Карл-Ентони Таунс од Минесота.

> Јокиќ и Дончиќ ја предводат најдобрата петорка во НБА лигата <

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале