Утрински Весник
Свет

Испукани три балистички проектили во Северна Кореја откако Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле истрелани од областа Сунан во Пјонгјанг помалку од еден час откако американскиот претседател Џо Бајден го напуштил регионот.

Јапонија потврди дека денеска биле истрелани најмалку два проектили. Тамошниот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека првиот проектил прелетал околу 300 километри со висина од околу 550 километри, додека вториот достигнал 50 километри.

Тој го критикуваше лансирањето, велејќи дека тоа не е прифатливо. Јужнокорејскиот совет за национална безбедност ова го нарече сериозна провокација.

За време на петдневното патување, претседателот на САД ги посети Јужна Кореја и Јапонија. За време на посетата на Сеул, Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол се согласија да одржат поголеми воени вежби и да распоредат повеќе американски стратешки средства доколку е потребно за да се одвратат интензивното тестирање на севернокорејското оружје, пренесе АП.

Можете да прочитате

Бомбаш самоубиец во Могадишу уби најмалку 13 луѓе

Хорор во Билефелд – најмалку пет жртви се повредени по напад со нож

Захарова им порача на Украинците да не го слушаат НАТО