Утрински Весник
Македонија

88 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола

Протестен марш во Скопје за поддршка на осудените водачите на ОВК