Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија, од страв да не му падне владата

Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија, од страв да не му падне владата. Ковачевски не смее да го осуди Џафери и да побара одговорност од него од страв дека ДУИ ќе му излезе од влада. Сликата која ја гледаме деновиве, каде Ковачевски молчи и одобрува шиканирање и пцуење на вработени во собранието од страна на Џафери, но и негови безбедносно сомнителни состаноци, е доволна причина и одговор зошто треба да има избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Ковачевски е спремен да премолчи и криминал, само за да остане на власт. Со Ковачевски на чело на владата имаме уценет премиер. Талат Џафери е опасност за безбедноста на државата и го поткопува интегритетот на Собранието.

Џафери го користел Собранието и позицијата која му ја нуди власта да се среќава со високо позиционирани луѓе од Чеченија и поранешни членови на Руската Дума, и сето тоа се обидел да го сокрие од јавноста. Џафери не ги информирал медиумите за неговата средба, ниту пак истата е нотирана на собраниската интернет страница.

Нејасно е зошто Џафери ја криел средбата со Чеченците и дали за тоа се информирани нашите безбедносни служби и сојузниците, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за „Сејф сити“

Синдикатот на културата поднесе кривична пријава против министерот Љутков, тој ги отфрла обвинувањата

Расте бројот на компании задоволни од бизнис-климата во Македонија вели Мицкоски