Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 34 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и многу топло.

Доцна попладне во источните делови од Котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Максималната температура ќе достигне 33 степени.

Можете да прочитате

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола