Утрински Весник
Спорт

Баерн ја официјализира соработката со Мазрауи

Шампионот на Германија, Баерн Минхен соопшти дека Нусаир Мазрауи е и официјално е првото засилување на Баварците, за следната сезона.

Десниот бек на Ајакс дојде во Минхен како слободен играч по истекот на договорот со холандскиот шампион. Мароканецот потпиша договор со Баерн до 2026 година.

24-годишниот Мазрауи целата своја кариера ја помина во Ајакс откако како осумгодишник дојде во клубот од Амстердам. Мароканецот со Ајакс освои три титули шампион на Холандија. Минатиот месец беше познато дека тој кариерата ќе ја продолжи во Баерн.

Така тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман ќе добие уште една опција на позицијата десен бек и достојна замена за Французинот Бенжамин Павар, кого често го користи како стопер.

> Баерн ја официјализира соработката со Мазрауи <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина