Утрински Весник
Спорт

Ковач се врати во Бундеслигата

Хрватскиот стручњак Нико Ковач ќе се врати во Бундеслигата, овојпат како тренер на Волфсбург.

„Волците“ и официјално потврдија дека од следното лето нивен тренер ќе биде поранешниот тренер на Ајнтрахт, Баерн и Монако.

„Јас сум дете на Бундеслигата, многу сум возбуден и мотивиран за новото поглавје во мојата кариера, за новиот почеток во Волфсбург“, изјави 50-годишниот, роден во Берлин, за клупската веб-страница.

Ковач го освои германскиот куп со Ајнтрахт во 2018 година победувајќи го Баерн, а потоа ја освои и „двојната круна“, како тренер на Баварците.

Сепак, тој не се покажа како најдобро решение во Минхен и доби отказ, а потоа беше тренер на Монако.

> Ковач се врати во Бундеслигата <

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале