Утрински Весник
Македонија

Кривична за полицаец од Деве Баир, зел мито за да пушти патник без ПЦР-тест

Полицаец вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир, зел пари од патник за да го пушти да ја помине границата без негативен ПЦР-тест. Според информациите, полицаецот побарал мито за да не изврши службено дејство, кое морал да го изврши на граничниот премин Деве Баир.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И. Г.

Пријавениот, на 16.4.2022, од оштетениот А. Ѓ. побарал и примил парични средства, односно му овозможил да ја помине границата, без валиден негативен ПЦР-тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Северна Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Можете да прочитате

Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини

Кос: Очекуваме уставни измени во Северна Македонија

23. Меѓународна младинска конференција во Крушево