Утрински Весник
Свет

Бајден: Подготвени сме да употребиме сила за одбрана на Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван. Тој рече дека САД стојат покрај другите земји за да се осигураат дека Кина не може да употреби сила во Тајван.

За време на прес-конференцијата со јапонскиот премиер Фуми Кишида, американскиот претседател рече дека размислува за намалување на тарифите за кинеските стоки додека ги зголемува повиците до ОПЕК, организацијата на земјите извознички на нафта, за зголемување на производството на нафта.

– Размислувам за тоа. Ние не наметнавме ниту една од овие давачки. Тие беа наметнати од минатата администрација и тие се на разгледување – рече Бајден, пренесе Ројтерс.

Можете да прочитате

Ракот сите нè погодува – Бајден се огласи откако му беше дијагностициран рак

Не е само кучката Цеца: Во Костарика фатена мачка што шверцува дрога во затвор

Почина Ивана Ковачевиќ (44), сопруга на основачот и директорот на „EXIT“ Фестивал