Утрински Весник
Свет

Првите резултати од гласањето во Австралија покажуваат водство на партијата на премиерот Морисон

Затворени се првите избирачки места на парламентарните избори во Австралија, а првите резултати покажуваат дека води владејачката партија на премиерот Скот Морисон.

Час и половина по затворањето на првите избирачки места, Австралиската радиодифузна корпорација објави дека врз основа на 6,7 отсто од преброените гласови, либералите во моментот имаат 39 места во парламентот, а лабуристичката партија 29, пренесува Би-би-си.

За победа на изборите ќе бидат потребни најмалку 76 пратенички места.

Избирачките места претходно беа затворени во Нов Јужен Велс, Викторија, Тасманија, Квинсленд, Јужна Австралија, како и Северната територија и територијата на Канбера, а гласачите во Западна Австралија имаа уште малку време да гласаат, наведува Би-би-си.

Последните избирачки места, две избирачки места на далечната австралиска територија на островите Килинг, ќе бидат затворени по два часа, јави британската телевизија.

Можете да прочитате

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД