Утрински Весник
Македонија

Министерката за одбрана се сретна со офицери на Армијата кои се на школување во Бугарија

При денешната посета на Бугарија, министерката за одбрана Славјанка Петровска оствари разговар со двајца високи офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во моментот се дел од Школата за национална одбрана и Командно-штабната академија на софиската Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“.

„Ние остануваме силно посветени на развојот на човечкиот потенцијал во одбраната и во Армијата зашто вие сте нашиот најголем ресурс. Ќе продолжиме да инвестираме во индивидуалниот капацитет на сите армиски припадници, и дома и во сојузничките земји зашто тоа е најдобриот начин за воспоставување на блиски меѓусебни контакти на индивидуално ниво како офицери на сојузнички Армии“, рече министерката на средбата.

Полковникот Сибиновиќ и потполковникот Стоименовски се заблагодарија за средбата и можноста да поразговараат со министерката за една од темите која е најважна во одбранбениот сектор – континуираното воено образование и усовршување, информираат од ресорното министерство.

 

Можете да прочитате

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Муцунски: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа – идентитетот е основно човеково право и не е тема за преговарање

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми