Утрински Весник
Свет

Шојгу: Ослободувањето на републиката Луганск е при крај, големи воени закани се на запад

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека руската армија, заедно со единиците на Народната милиција на самопрогласените народни републики  Луганск и Доњецк, продолжуваат да ја прошируваат контролата врз териториите на Донбас, додавајќи дека „ослободувањето“ на ЛНР е при крај.

Шојгу на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија изјави дека повеќе од 1.900 припадници на украинските сили блокирани во фабриката Азовстал во Мариупол веќе се предале, пренесува РИА Новости.

Рускиот министер за одбрана оценува дека ситуацијата во западниот стратегиски правец се карактеризира со зголемување на воените закани во близина на руските граници.

Можете да прочитате

64 лица загинаа во напад во Судан

Парламентарни избори денес во Словенија

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел