Утрински Весник
Свет

Шојгу: Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на проширувањето на НАТО

Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на зајакнувањето на НАТО и очекуваното проширување на Алијансата во Финска и Шведска, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„До крајот на годината, 12 воени бази и единици ќе бидат распоредени во Западниот воен округ“, изјави Шојгу на претставниците на одбраната и армијата.

Тој предупреди на „зголемување на воените закани на границите на Русија“, обвинувајќи ги НАТО и САД, пренесоа руските агенции.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови