Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Белорусија купи ракетни системи С-400 и ракети Искандер од Русија

Белорусија купи од Русија противвоздушни системи С-400 и ракети Искандер, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Тој ова го изјави на 85-тиот ден од почетокот на руската воена операција во Украина, која беше започната на 24 февруари. Белорусија, главниот сојузник на Русија и земја што се граничи со Украина, стана база за заднина за руската офанзива.

– Се договоривме со Путин – рече Лукашенко, пренесе неговата прес-служба преку Телеграм.

Тој рече дека го набавил „потребното количество“ на тоа оружје, без други детали.

– Со ова оружје тоа е веќе сосема друга армија – рече Лукашенко и додаде дека ова оружје може да „предизвика колосална штета“.

На почетокот на мај, 67-годишниот Лукашенко, кој владее со Белорусија со цврста рака од 1994 година, го обвини Западот дека е „опседнат“ со нацистичките идеи и дека е „во војна со Русија“ во Украина, според АФП.

Можете да прочитате

Руските сили напредуваат во нов украински регион

Велика Британија прима студенти од Појасот Газа за да го завршат своето образование

Американската крајбрежна стража летово заплени 34 тони дрога од прекуокеански бродови