Утрински Весник
Свет

Медведев: Нема да дозволиме трета светска војна, но ќе одговориме на нападот

Русија нема да дозволи избувнување на Третата светска војна, но може да одговори веднаш и „супер силно“ во случај да биде нападната, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Медведев вчера на Телеграм, по посетата на нуклеарниот центар во Саров, рече дека рускиот нуклеарен штит се состои од арсенал на најмодерни и најсигурни оружја што ги „ладат амбициите на оние кои се подготвени сами или со некого да ја започнат Третата светска војна, објави ТАС С.

Во случај на напад на Русија, ќе се обезбеди супер силен одговор.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години